Добре дојдовте во NEXUS

Нексус е специјализирана компанија за локализирање на странски телевизиски содржини. Нудиме комплетни услуги за превод, титлување и синхронизација на програми од сите јазици.

Главното мото на компанијата е висок квалитет на услугите. Тоа го овозможува нашата широка мрежа на внимателно избрани и обучувани професионални преведувачи, лектори и стручни консултанти од различни области.

Нашиот тим вклучува професионални техничари и титлери кои во процесот користат најсовремен софтвер и електронски алатки.

Напорно работиме да ги задоволиме и најделикатните барања на нашите клиенти. Врвен приоритет за нас е почитувањето на роковите, при што квалитетот во ниту еден момент не се доведува во прашање.